за нас

Цедевита е една од најпознатите и најдолговечни трговски марки во регионот. Веќе 50 години со своите препознатливи сјајни вкусови ја збогатува трпезата не само во домовите во регионот, туку и во повеќе од 30 земји низ светот.

Мултивитаминските гранули на „цедевита“ какви што ги знаеме денес настанаа во 1969 година, додека нејзиното производство почна една година подоцна. Цедевита е развиена под закрила на познатата фармацевтска компанија „Плива“, како резултат на научен труд и истражување за потребата за внесување витамини во организмот. Тогашната „цедевита“ љубителите на витаминското освежување ја набавувале во стаклени шишенца, кои со мерило за дозирање биле пакувани во картонски кутичиња. „Цедевитата“ на тој начин повеќе потсетувала на лек, а се продавала само во аптеките.

Од самиот почеток во својот состав имала 9 витамини, но нејзината формула не била отсекогаш иста, со текот на времето се усовршувала и се приспособувала како последица на современите научни сознанија.
Благодарение на својата единствена комбинација на добар вкус и на 9 витамини, „цедевита“ секојдневно ги инспирира и освежува своите љубители.

Важна улога во развојот на марката имаат и видовите амбалажа, како и нејзиниот дизајн – од популарните пластични шишенца со препознатлива кафена боја од 70-тите години, сè до 1993 година, кога се произведени првите семејни пакувања „цедевита“ од 1 кг, а пакувањата од 500 г, пак, се воведени шест години подоцна.
Денес „цедевита“ можеме да ја најдеме во ергономски обликувани шишенца со термофолија и со специфичен отвор, кој овозможува полесно дозирање и едноставна употреба. Исто така, и во кесички од 19 г, за подготовка во омиленото кафуле, како и во шишенца со иновативно затворање со име „цедевита фреш“ за сите тие што се

желни за освежување додека се во движење.

Основната карактеристика на „цедевита“ отсекогаш била освежување. Меѓутоа, освежувањето не се однесува само на гасење жед, туку и на освежување на духот, на емоциите, позитивизмот, поврзаноста и на заедништвото.
Како двигател на позитивна енергија и дух, „цедевита“ учествува во активностите што поттикнуваат подобрување на квалитетот на живеење: во хуманитарни акции, едукација на луѓе за спорт и за здрав живот.

Несомнениот квалитет и популарност на „цедевита“ доведоа до тоа во 2001 година „Атлантик групација“ да го препознае потенцијалот на марката и на пазарот. Оттогаш, „цедевита“ се развива под закрила на оваа вертикално интегрирана мултинационална компанија, чиишто работни активности вклучуваат истражување и развој, производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка, со присуство на пазари во повеќе од 40 земји во светот.

Успехот на марката најдобро се гледа во фактот дека популарноста не се намалува и производството изнесува повеќе од 9.000 тони годишно, со неколку светски признати стандарди на квалитет, како што се ISO 9001 и 14001, HACCP, FSSC 22000.

За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

  • Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.