ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Македонија бр.24/2011, 51/2011 и 148/11) ТДМ Комуникации ДОЕЛ Скопје со седиште на бул. Франклин Рузвелт бр.53а, Скопје и ЕДБ 4030003486940 на ден 01.05.2018 г. ги донесе следните:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
"НАЈ НАЈ ЛЕТУВАЊЕ СО ЦЕДЕВИТА"

ПРИРЕДУВАЧ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 1

Приредувач на наградната игра "Нај нај летување со Цедевита" (во понатамошниот текст: наградна игра) е компанијата ТДМ Комуникации ДООЕЛ Скопјесо седиште на бул. Франклин Рузвелт бр.53 а, Скопје(во понатамошниот текст: приредувач), во име и за сметка на Атлантиц Траде ДОО Скопје, Скопје, со седиште на ул. Шар Планина бр.6, 1000 Скопје.

ИМЕНА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 2

Име на наградната игра е "Нај нај летување со Цедевита"

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Наградната игра "Нај нај летување со Цедевита" ќе трае 2 месецизапочнувајќи од 01.06.2018 во 00:00:01 часот и ќе трае трае до 31.07.2018 во 23:59:59 часот.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 4

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 5

Целта на оваа наградна игра е рекламирање и промоција на производите на Цедевита, односно Цедевита производи од 1кг, 500гр, 200 гр и 345 мл.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Член 6

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со навршени 18 години, жители наРепублика Македонија, во понатамошниот текст "учесници", кои ги прифаќаат условите наовие правила: учесниците кои за време на наградната игра, ќе купат Цедевита производи од 1кг или 500 гр. или 200 гр. или 345 мл од било кој вкус и ќе го испратат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час,минута) преку СМС порака на телефонскиот број 14774од кој било мобилен оператор во Р.Македонија.

Учесниците во наградната игра ќе можат да испраќаат смс пораки од 01.06.2018 година од 00:00:01 часот до 31.07.2018 година до 23:59:59 часот. Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Со испраќање на бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (часот,минута) на која се евидентирани купените производи на Цедевита, преку CMC порака на бројот 14774, кој важи за сите мобилни оператори без користење на префикс (цената на CMC пораката изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ), се регистрираат за учество во наградната игра.

Секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купените производи да ја чува до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата. Сите CMC пораки кои ќе бидат испратени пред започнувањето на наградната игра (пред 01.06.2018 година 00:00:01 час), како и сите CMC пораки кои ќе бидат испратени по завршувањето нанаградната игра (по 31.07.2018 година 23:59:59 час), нема да учествуваат во извлекувањето на наградната игра.

Не постои никакво ограничување во поглед на бројот на испратени пораки од страна на еден учесник. Една фискална сметка со купени Цедевита производи може да учествува во наградната игра само еднаш.

Валидни ќе бидат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на времетраењето на Наградната игра согласно член 3 од овој правилник.

Сите испратени броеви на фискални сметки преку CMC пораки, од страна на приредувачот на наградната игра ќе бидат верификувани. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор.

Повратните одговори се следниве:

  • Кога учесникот праќа целосна/точна порака (број на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час,минута)), системот испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и дека треба да ја чува фискалната сметка за доказ доколку добие награда.
  • Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана и ќе содржи пример како треба да изгледа пораката.
  • Доколку се испрати празен CMC, системот испраќа одговор дека пораката е празна и дека е потребно да се изврши исправна регистрација.
  • Доколку биде испратен CMC со претходно испратен број на издавање на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час,минута), системот испраќа одговор дека испратениот број е веќе искористен.
  • Доколку биде испратен CMC во периодот пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор на бројот од мобилниот телефон на лицето што се обидело да се регистрира, дека наградната игра сè уште не е започната.
  • Доколку биде испратен CMC во периодот по завршувањето на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра е завршена.

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 8

Вработените во Друштво за маркетинг и пропаганда ТДМ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ., АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје и Виртуал СЦ ДООЕЛ Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во Наградната игра.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 9

Пред почетокот на наградната игра "Нај нај летување со Цедевита", по добивање на согласнот од Министерството за финансии учесниците ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра како и за нејзиното времетраење со објава на правилата на наградната игра наwww.cedevita.com и преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети, постери, воблери, прајс-тагови, шелф-токери, палетни дисплеи).

НАГРАДЕН ФОНД

Член 10

  • Наградната игра располага со следниот фонд на награди:
  • 1 летување на Малдиви за 2 лица
  • 50 пешкири за плажа
  • 50 душеци за плажа
  • 100 power bank  

Опис

количина

единечна цена со вклучено ДДВ

вкупна цена со вклучено ДДВ

Летување на Малдиви за 2 лица

1

185.100,00

 

185.100,00

 

Брендирани пешкири за плажа

50

923,94

46.197,00

Брендирани душеци за плажа

50

925,00

46.275,00

Брендиран power bank

100

617,00

61.700,00

Вкупно

201

 

339.272,00

Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

Главната награда летување на Малдиви за 2 лица вклучува авионски превоз, сместување во хотел на база на полупансион, трансфери од аеродром до хотел и обратно. 

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 11

Наградната игра започнува на 01.06.2018во 00:00:01и ќе трае до 31.07.2018во 23:59:59.

Извлекувањето на наградите ќе се оддржи на 03.08.2018 во 12 часот, во просториите на ТДМ Комуникации и ќе се доделат следниве награди:

  • 1 летување на Малдиви за 2 лица
  • 50 пешкири за плажа
  • 50 душеци за плажа
  • 100 power bank

Добитниците ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерска програма, софтвер заизвлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратена порака од секојучесник.

Извлекувањето се врши во просториите на приредувачот,по случаен избор (random).

Добитниците на наградите (летување на Малдиви, пешкири за плажа, душеци за плажа и power bank) ), системот ќе ги исфрли одеднаш за секоја награда одделно, според софтвер припремен за тоа и распределени според наградите. На крајот на звлекувањето ќе бидат извлечени и резервни добитници во број 30% од вкупниот број на добитници за тоа извлекување.Добитникот (добитниците) ќе биде известен на добитниот телефонски број преку СМС порака. Истиот треба да се јави со валидна фискална сметка во рок од 72 часа од добивањето на пораката во ТДМ Комуникации дооел, (приредувач на наградната игра) на следниот телефонски број 075 414 710 во работно време од 09:00-16:00 часот.

Доколку добитникот не се јави во предвидениот рок, наградата ќе се додели на резервниот добитник.

Доколку добитникотнема валидна фискална сметка (копија на фискална сметка од маркет се смета за невалидна) наградата ќе се додели на резервниот добитник.

Фискалната сметка треба да се чува како доказ за купениот производ иприкаже при подигање на наградата. Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците испратени на СМС пораката која е извлечена како добитник.

Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за СМС пораките што не ги содржат

потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.

Извлекувањата на добитниците на наградите ќе го контролира комисија составена од четири члена: овластен претставник на ТДМ Комуникации ДООЕЛ Скопје, овластен претставник на Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје, претставник од Виртуал СЦ ДООЕЛ Скопје и нотар. Комисијата води записник во текот на извлекувањето.

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, односно со купување на еден од производите на Цедевита и тоа 1кг. или 500гр. или 200гр. или 345мл. било кој вкус до датумот на завршување на наградната игра и испраќање на СМС порака со бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната (час, минута) на бројот 14774, од кој било мобилен оператор во Р. Македонија. 

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ И НАЧИН НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 12

Резултатите, односно телефонските броеви на добитниците со заштитен префикс и броевите кои се испраќаат во смс пораките (број на фискална сметка и час и минути на купување) ќе бидат објавени на сајтот на Цедевита (www.cedevita.com) во рок од 3 дена од завршувањето на секое извлекување. Добитниците ќе бидат известени преку СМС поракана телефонскиот број од кој ја пратиле СМС пораката за учество на наградната игра и од нив ќе се бара да ја приложат фискалната сметка, пред да ја добијат наградата.

По утврдувањето на личните податоци (име, презиме, адреса и идентификација со лична карта) и увидот на фискалната сметка како доказ за добивката, освоената награда може да се подигне од просториите на приредувачот најдоцна 30 дена од објавувањето на добитниците на www.cedevita.com. Наградите ќе се испратат преку пошта доколку добитниците не можат лично да ги подигнат од просториите на приредувачот на наградната игра и тоа на адреса бул. Франлин Рузвелт бр 53А, 1000 Скопје.

Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка подготвена и заверена од приредувачот на наградната игра.

Подигнувањето на наградите треба да се изврши во рок од 30 дена од објавувањето на добитниците на веб страната на Цедевита (www.cedevita.com).

ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 13

Приредувачот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на доход.

ПРИГОВОРИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Член 14

Незадоволниот учесник има право да поднесе писмен приговор до приредувачот на наградната игра, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на резултатите и тоа на адреса бул. Франклин Рузвелт бр 53а, 1000 Скопје.

Приредувачот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот. 

ОДГОВОРНОСТ

Член 15

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Приредувачот не одговара за евентуалните штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ

Член 16

Од моментот на преземање на наградата,престануваат сите обврски на приредувачот кон добитникот на наградата.

ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 17

Наградната игра може да се прекине само во случај ако настапат околности за кои приредувачот на наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои приредувачот не можел да ги спречи, отстрани или избегне, согласно член 8 од Законот за игри на среќа и забавни игри. Учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра ќе бидат известени по електронски пат или преку друг јавен медиум.

СОГЛАСНОСТ И СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 18

Со испраќање на СМС порака за учество во наградната игра учесникот ги прифаќа Правилата и условите за учество и со тоа се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на приредувачот согласно законот за заштита на лични податоци.

Ова вклучува собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба,откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на личните податоци. Обработката и преносот на податоци од страна на Приредувачот на наградната игра е со цел полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра.

Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чиешто учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.

Приредувачот се обврзува дека сите лични податоци ќе ги обработува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти за заштита на личните податоци, кои се во моментот во сила, и само за цели поради што податоците се собрани.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 19

Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските кои произлегуваат од Правилата на наградната игра. Правилата на наградната игра ги пропишува приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената согласност која ја дава Министерството за финансии на РМ. Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на интернет страницата на Цедевита (www.cedevita.com), пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети, постери, воблери, прајс-тагови, шелф-токери, палетни дисплеи). Учесниците за ситедополнителни информации ќе можат да се јават и на инфо телефонскиот број на приредувачот на наградната игра 02/3132-704 секој работен ден од понеделник до петок од 9 до 16ч.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ

Член 20

Договорните странки се согласни сите спорови кои ќе произлезат од наградната игра да се решат спогодбено, а во спротивно надлежен е Основниот суд во Скопје.

Приредувач
ТДМ Комуникации ДООЕЛ Скопје 

управител
Јулијана Динова Јованова

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

  • Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.