ПОРТОКАЛОВ ВИКЕНД ВО ЗНАКОТ НА CEDEVITA И ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА

Во рамките на Cedevita портокалов викенд, кампања со која Cedevita лансира нов дизајн и слоган – Свежа доза на витамини, свежа доза на енергија – Загреб и Љубљана во оваа сабота станаа портокалови и полни со добро расположение.

Така во центарот на Загреб, во познатото кафуле Maraschino, посетителите можеа да се запознаат со новиот изглед на еден од најомилените брендови на овие простори како и со новите вкусови на Cedevita: Бозел и лимон со стевија и Нане и лимон и да си поминат со амбасадорката на кампањата, познатата светска сноубордерка Морена Макар, со Ива Шулентиќ, Игор Миклушиќ, Ливија Бадурина, Мирјана Микулец како и останати познати гостини. Подароци и додатоци со Cedevita како и диџеј музика дополнително го поддржаа позитивен „портокалов“ дух на Cedevita.

Љубљана ја „окупираа“ возачите на падлинг промовирајќи го активниот, позитивниот дух на Cedevita возејќи на реката Љубљаница. Во оваа сабота тие им беа главна атракција на сите оние кои решија саботното утро да поминат во центарот на Љубљана.

Од другата страна, познатите се забавуваа со Cedevita во кафуле Тромостовје со новите вкусови на Cedevita и поминуваа со урбана екипа што сака и води активен здрав живот! Радосно другарување со новите и добро познатите вкусови на Cedevita модерираше познатата Азра Селимовиќ придружена со амбасадорката на кампањата Метка Албрехт.

Портокаловиот викенд во Загреб и Љубљана само е дел од новата кампања на Cedevita. Следниот викенд портокаловиот викенд „спирит“ стигнува и во Белград!

На Јарун, крај Мало езеро од 11.00 до 19.00 ч. Cedevita организираше забавни, рекреативни активности кои привлекоа многу љубопитни креативци и рекреативци. Big Air Bag беше апсолутна сензација кај децата и младите како и Bike art – декорација на велоспитеди со Cedevita мустаќи, ѕвончета и многу други кул гаџети, додека мајсторите на паркур демонстрираа својата вештина. Исто така, Cedevita таблите повикуваа на надворешен тренинг и добро расположение со свежа доза на витамини и свежа доза на енергија!

Cedevita ви сака „Orange point of view“ во текот на целото лето! #cedevitainternational #orangepointofview

За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

  • Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.