Цедевита во ново практично пакување по вкус на Генерацијата ЦЕ

Novo pakiranje_MAC

НОВО, МОДЕРЕНО И ПРАКТИЧНО РУВО НА ЗАДОВОЛСТВО НА ВЕРНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

Novo, moderno i praktičnije ruho

Цедевита сега е достапна во ново, помодерно руво. Слушајќи ги желбите на Генерацијата ЦЕ, Цедевита спроведе истражување за нивните преференции во однос на пакувањето. Преку стотици интервјуа, потрошувачите ги изразија своите ставови за идното, посакувано пакување на Цедевита.

Имајќи ги предвид предлозите на потрошувачите, Цедевита по примерот на најмалото пакување од 200 грама, кое потрошувачите го оценија како најпрактично за употреба, воведе и средно пакување во цврста форма. Ова го олеснува истурањето на Цедевита директно во чаша или истурање во помало пакување, а олеснето е повторното полнење со што ја презема улогата на спремник. Дополнително, им овозможува на потрошувачите исклучително лесно отворање и затварање  при употреба, притоа задржувајќи го максималниот квалитет и свежина.

Најголемото пакување доби затка која на потрошувачите им овозможува лесно и контролирано точење на омилениот пијалок директно во чаша, односно истурање на омилената Цедевита во средно или мало пакување.

Кога станува збор за изгледот на производот, Цедевита има сосема нов визуелен идентитет и на прв поглед го доближува саканиот вкус на Цедевита кој го чека потрошувачот внатре во пакувањето.Со воведување овошни мотиви на пакувањето на сите пет вкусови, нивниот изглед е модернизиран

Timeline

ЦЕДЕВИТА СЕКОГАШ ПРЕД ВРЕМЕТО

80-тите го донесоа сега веќе легендарното кафено пакување, со доаѓањето на 90-тите малото пакување доби „голем брат“ во форма на семејно пакување на омилен витамински пијалак.

Почетокот на 21 век донесе сè побрзо темпо на технолошки иновации, па генерацијата ЦЕ смисли како да ужива во својот омилен пијалак и во кафулињата. Бидејќи генерацијата ЦЕ е постојано во движење, а постојаното движење троши енергија што треба да се надокнади, во 2009 година уште еднаш го покажа лицето на иновативноста и ја виде светлината на денот во Цедевита во шише со уникатно иновативно капаче за консумација во движење,  со кој сега може да се ужива во незаменлив пијалак во секое време и на секое место. Приказната за Цедевита е приказна за еден од најуспешните и најдолговечните хрватски брендови, кој повеќе од 50 години ги освојува срцата на потрошувачите од целиот регион со својата портокалова боја и комбинација од 9 витамини.

НЕПОБЕДНИ ВКУСОВИ НА ЦЕДЕВИТА ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

Кога станува збор за лојалните потрошувачи на Цедевита, вкусовите секогаш се на прво место и тука нема компромис.

Колку е популарна Цедевита најдобро сведочат преку милион испиени чаши Цедевита дневно, од кои портокаловата Цедевита е најбарана со генерации. Освен во незаменливиот портокал, сите љубители на Цедевита сè уште можат да уживаат во други, добро познати вкусови на лимон, лимета, бозел & лимон нов црвен портокал. Со бескомпромисен квалитет, ненадминати вкусови и уникатна комбинација од освежителен вкус и 9 витамини, Цедевита ќе продолжи да ги освојува срцата на Генерацијата CE.

Svi okusi

За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

  • Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.