ЕДИНСТВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА ОТВОРАЊЕ
Помодерно, поубаво, попрактично и поодржливо! Новото пакување на вашата омилена Цедевита може да се пофали со уникатен механизам за отворање кој со повлекување на заштитната лента и стискање на капачето надолу, овозможува активирање на производот и нуди целосна функционалност од 9 витамини во свежо подготвениот производ. Новото капаче кое не се откачува придонесува за намалување на загадувањето на животната средина и со мал чекор ја правиме планетата почиста за нас денес, но и за генерациите што доаѓаат.
Освен во изгледот, направивме исчекор и во зачувување на животната средина и развивање на одржливи и еколошки прифатливи решенија. Новото пакување на Цедевита ќе го намали амбалажниот отпад за 180 тони, а јаглеродниот отисок ќе ја намали за 269 тони емисијата на CO2 на годишно ниво.
Без оглед на константната иновативност, нашите вредности остануваат традиционално недопрени: единственост на вкусот, бескомпромисен квалитет и поттикнување на заедништво меѓу генерациите.
И затоа остани оптимистичен, #останиЦЕ и продолжи да ја шириш свежата доза на позитивна енергија, поддршка и меѓусебно уважување.
За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.
Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.