Нил Армстронг зачекори на површината на Месечината, а генијалците од познатата фармацевтска компанија „Плива“ измислија инстант освежување со 9 витамини и го нарекоа – „цедевита“. Тоа беше мал чекор за нив, но голем за домашните љубители на добра енергија! Со раѓањето на омилениот вкус, се роди и една генерација – генерација ЦЕ.
'70
Корисна од почеток
Додека светот го тресе треска од првата видео игра „Понг“, кај нас хит станува правењето „цедевита“ со помош на мерило. Нашите мајки и баби веќе не одеа в аптека само по лекови, туку и за здраво освежување.
'80
Изглед за паметење
Тинејџерите ја „растураа“ кореографијата од филмот „Валкан танц“, која, пак, со кафеното пластичното пакување на „цедевита“ станува неизбежен дел од секоја забава. За време на секоја дружба, задолжителна реченица беше – ако некој за здравје те праша, кажи само „цедевита“ чаша.
'90
Подготвени за голема забава
Љубителите на филмот низ светот уживаат во големиот холивудски хит „Паркот Јура“, додека прославите на генерација ЦЕ стануваат сè поголеми. Со повеќе луѓе има и повеќе насмевки, па мораше да има и повеќе „цедевита“. Погодувате – пакувањето од 1 кг дава радост уште од тогаш.
'00
Голем исчекор
Додека технолошките иновации стануваа сè поголем дел од секојдневието, генерацијата ЦЕ смисли како да ужива во своето омилено освежување. Почна да пие „цедевита“ и во кафулиња правејќи ги првите фотографии со помош на мобилните телефони.
'09
Секогаш и секаде
Доаѓањето на новата „цедевита фреш“ е прославено во спортски дух, кога Јусејн Болт е прогласен за најдобар спортист на светот. Генерацијата ЦЕ шири позитивна енергија и не познава граници, а во својата омилена „цедевита“ отсега може да се ужива секогаш и секаде!
'19
50 години сме на ЦЕ
Оваа година славиме 50 години од омилениот вкус на една генерација. Заедно слетавме на Месечината, бевме сведоци на секакви технолошки чуда , плачевме и се смеевме со омилените филмови. А тукушто почнавме... За сè што ни претстои ја чуваме младоста, ја делиме радоста и ги шириме насмевките! омилените филмови. А тукушто почнавме...
Победници за наградни игри
cedevita.sweepstake.no_winners
* Sudionik koji je izvučen kao dobitnik ne ispunjava uvjete iz Pravila nagradne igre.
** U ovom krugu izvlačenja nema prijava koje ispunjavaju uvjete iz Pravila nagradne igre.