ЗА НАС | ИСТОРИЈА

ЗА НАС

Како најдобро би можеле да ја опишеме Цедевита?

Можеби да започнеме со фактот дека Цедевита е една од најпознатите и најдолгорочните хрватските трговски марки: мултивитаминскиот инстант пијалак кој повеќе од четириесет и пет години е присутен и во нашите домови. Или, во прв план можеме да нагласиме веќе добро познати и одлични вкусови и природни ароми на Цедевита со прочуени 9 витамини приспособени кон дневни потреби на организмот, или врвниот квалитет препознатлив не само во Хрватска туку и во повеќе од 30 држави ширум светот.
А можеби едноставно да кажеме: Цедевита е... дел од нашето семејство.

И нема да згрешиме, зашто денес е тешко да пронајдеме дом каде што не се наоѓа Cedevita, витамински пијалак во секоја прилика, во секое време на денот и секое годишно доба. Заправо, Cedevita е многу повеќе од тоа, пијалак во кој самите се освежуваме, или ја споделуваме радоста на пиење со драги луѓе... пијалак во кој уживаме во омиленото кафуле, или го носиме со себе каде и да се наоѓаме, како добредојден извор на освежување во движење... Нашиот извор на витамини и виталност, нашиот избор кој трае веќе со генерации.

Сето тоа е Цедевита: свежа како насмевка, здрава како летен ден и добра како друштво на стариот пријател; чаша на вистинското освежување што секогаш ќе биде овде, за нас!

ИСТОРИЈА

Како и секоја убава приказна, така и приказната за Cedevita започнува со зборови: Еднаш, многу одамна... Така, многу одамна, уште во дваесеттите години на минатиот век, на место на денешното седиште на Боронгај, во 1929 г., отворена е првата фабрика за производство на диететски производи во Хрватска, филијалата на швајцарската компанија Д-р А. Вандер (Dr. A. Wander). Најпознатиот производ на фирмата Вандер беше инстант пијалак Овомалтине (Ovomaltine), еден од првите меѓународно познати брендови. Беше тоа почеток на една богата традиција на производство на диететски производи со високи критериуми за квалитет на фармацевтска индустрија каде што добро ќе се вклопи и Cedevita.

ПРВИТЕ ГОДИНИ

Мултивитаминските зрна, какви ги познаваме денес, настанаа во 1969 г., додека неговото производство започна една година подоцна. Cedevita е развиена во рамките на познатата фармацевтска фирма ПЛИВА како резултат на научните работи и истражувања за потреба на внесување на витамини во организмот. Тогашната Cedevita обожавателите на витаминското освежување ја набавуваа во стаклени шишиња кои со дозер биле пакувани во картонски кутии. Cedevita потсетуваше повеќе на лек, а и се продаваше единствено во аптеки! 

ВКУС НА 9 ВИТАМИНИ

Cedevita од самиот почеток во својот состав имаше 9 витамини, но нејзината формула не била секогаш иста: со време непрекинато се усовршуваше, а составот и количествата на витамините се приспособуваа кон современи научни сознанија. Вкусовите на Cedevita имаат своја интересна приказна: првите генерации уживаа во само еден вкус - вкусот на портокал. Cedevita портокал е најстариот, ама денес и најпопуларниот вкус на овој пијалак. Портокалот конечно го доби своето друштво во 1984 г. кога е лансирана Cedevita лимон, а нешто подоцна и Cedevita грејпфрут. Од деведесеттите години до денес, развиена е и цела ниска новите вкусови што освоија срцата на потрошувачи, а асортиманот на Cedevita дополнително е проширен и со Cedevita Kids со вкусовите на портокал и јагода, наменет особено за деца како и Cedevita Light без шеќер за дијабетичари и сите оние кои треба да внимаваат за внесување на шеќер.

СИТЕ ЛИЦА НА CEDEVITA

Cedevita се сеќаваме како пијалак кој што обележи нашето детство и младост. Кон тоа сигурно придонесе и непрекинато унапредување на технологијата на производството и пазарното настапување, зашто Cedevita беше помеѓу првите хрватски брендови и првата сфати колкава е важност на комуникација со потрошувачи. Сигурно не треба да чуди дека некои од првите домачни ТВ реклами беа токму оние за Cedevita! Во своите реклами и спотови Cedevita секогаш истакнуваше здрав начин на живот како и соодветност на пијалакот за целото семејство. Во легендарните ТВ спотови за Cedevita од 80-те и 90-те години настапуваа познати музичари и спортисти, а стих „Ако некој за здравје те праша, кажи му Cedevita“ сигурно се наоѓа во културни моменти на домашното рекламирање. Cedevita е лидер и во нови форми на промовирање: помеѓу првите брендови во Хрватска таа искористи можности што ги нуди рекламирањето на билборд површини, а денес активно ги користи своите профили за Facebook како и апликации за мобилни телефони.


Важна ролја го развојот на брендот Cedevita имаат и видови на пакување како и нивниот дизајн: од популарните пластични шишиња со препознатлива кафеава боја од 70-те години, до 1993 г. кога се произведени први семејни пакувања од 1 кг, додека пакувањата од 500 кг се воведени шест години подоцна. Денес Cedevita може да се најде и во ергономски формирани шишиња со sleeve етикета и специфичен отвор кој овозможува полесно дозирање и поедноставно користење...или  во форма на сашети од 19 г, за подготовка во омилено кафуле, ама и во шишиња со иновациски капак под називот Cedevita Go за сите оние што сакаат освежување во движењето.

СЕКОГАШ КОРИСНА ПОДДРШКА

Cedevita како витаминскиот бренд настојува да учествува во што е можно повеќе настани кои поттикнуваат подобрување на квалитетот на животот: во хуманитарни активности, едукација на луѓето за спорт и здрав живот... Спонзорствата во спортот како и разновидни културни и општествени настани имаат голема важност за Cedevita затоа компанијата со гордост вложува во познатиот кошаркарски клуб КК Цедевита. Активно учествува и во образование на најмладите и со радост отвора вратата на својата фабрика на ученици од основни училишта каде што тие се запознаат со производниот процес.

CEDEVITA ЗА 21-ОТ ВЕК

Веќе долго години Cedevita d.o.o. својот асортиман на производите го развиваше во рамките на системот на фармацевтската фирма Плива, а во јули 2001 г. Cedevita ја сврти новата страница и станува дел од Atlantic Grupа, вертикално интегрирана мултинационална компанија чии деловни активности вклучуваат истражување и развој, производство и дистрибуција на стоки од широка потрошувачка, со присутност на пазарите во повеќе од 40 држави ширум светот.


Новиот сопственик го препознава потенцијалот на Cedevita, ама и на самиот пазар што резултира со експанзијата на продажба и производство. Иако во самите почетоци Cedevita се пиеше само дома, во 2003 г. со влегување во HORECA каналот започнува новата ера на овој популарен витамински пијалак. Така, дене можеме да се освежуваме со омилените Cedevita и во кафулиња, а за таа цел осмислени се и приспособени за угостителство посебни пакувања доволни за една чаша на освежителен пијалак.


Успехот на брендот Cedevita најдобро се гледа во неговата долготрајна популарност, каде што современи верзии на овој долговечен производ остварија исклучителна популарност кај млади луѓе. Тоа го потврдува и Cedevita GO!, лансирана во 2009 г. како еден од најголемите проекти во историјата на компанијата. Cedevita GO! претставува пионирски чекор во сосема нова категорија на производи т. н. „almost-ready-to-drink“. Покрај иновациското пакување које во својот капак содржи Cedevita, особеноста на овој производ која му дава дополнителна вредност е и изворска вода Кала која што се наоѓа во шишето.


Денес производството на Cedevita изнесува околу 9.000 тони годишно со неколку светски признаен системи за квалитетот како што се ISO 9001 i 14001, HACCP, FSSC 22000.
Иако има повеќе од 45 години, истражувања покажуваат дека потрошувачи ја доживуваат Cedevita како исклучително добар бренд кој што, низ подобрувањето на понудата, држи висока позиција помеѓу брендовите од широка потрошувачка. Така, според истражувањата на Cedevita се наоѓа помеѓу 5 најсилни брендови на стока во регионот, а покрај тоа на пазарите во Словенија и Хрватска е апсолутен лидер на брендот "in home" консумираните пијалаци.

Вечно млада и секогаш нова, Cedevita и денес е тука, подготвена за да ги освои срцата на сите оние што бараат корисно витаминско освежување!

0 Loading